Министрите за одбрана на Италија и Франција, Гвидо Кросето и Катрин Вотран, денес изразија длабока загриженост за влошувањето на безбедносната состојба во Либан.
Во заедничка изјава, Кросето и Катрин Вотран посебно посочија на неодамнешните напади во Либан врз членовите на мировната мисија на Обединетите нации.
Ваквите инциденти и зголемената опасност со која се соочуваат членовите на мисијата на ОН се неприфатливи, рекоа Кросето и Катрин Вотран.
Тие рекоа дека мисијата на ОН има стратешко значење и дека стабилноста на Либан е основа на рамнотежата на целиот Медитеран, пренесува АП.
Текстот Министрите за одбрана на Франција и Италија загрижени за влошената безбедносна состојба во Либан е превземен од МАКФАКС.





