Мистериозна болест во Индија

пред 4 години

Најмалку едно лице почина, а 200 лица се лекуваат од непозната болест во јужната индиска држава Андра Прадеш, покажуваат извештаите објавени денеска. Болеста е откриена во саботата во античкиот град Елуру, познат по своите рачно плетени производи.

Тим експерти, назначен од федералната влада, пристигнаа денеска во градот за да ја испитаат оваа болест, пренесува АП.

Според лекарите, пациентите од Елуру имале широк спектар на симптоми, од гадење до напади и несвестица, објави претходно Би-би-си, наведувајќи дека голем дел од хоспитализираните се опоравиле и биле брзо пуштени дома.

Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови за коронавирус, кои сите биле негативни. Официјални лица се обидуваат да ја утврдат причината за болеста.

Досега, примероците на вода од погодените области не покажале знаци на контаминација, а од кабинетот на еден министер беше речено дека се разболеле и луѓе кои не се поврзани со водоснабдувањето во таа општина.

Share
Scroll to Top