Нов Патријарх на Српската православна црква е поранешниот митрополит на Загреб и Љубљана, Порфирије Периќ. Тој е 46-от по ред патријарх на СПЦ.
Ова беше крај на фазата на тајно гласање меѓу епархиските и викарни владици, кои се собраа денеска во Храмот Свети Сава за да изберат нов поглавар на српската православна црква,прен есуваат српските медиуми.
Според информациите од таму пликови со имињата на тројцата кандидати за нов патријарх биле ставени меѓу страниците на Евангелието, од каде што монахот Матеј од манастирот Сисојевац го има извлечено пликот со името на новиот патријарх.
Профирије Периќ е роден на 22 јули 1961 година во Бечеј. Посетувал студии по археологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. Наскоро започнал да учи на Богословскиот факултет на Српската православна црква, каде што дипломирал во 1987 година.
Пред тоа бил поставен за монах во манастирот Дечани, а по дипломирањето на факултетот заминал на постдипломски студии во Атина, каде останал до 1990 година.
Со благослов на епископот Бачки Иринеј, на 6 октомври 1990 година заминал во манастирот Ковиj. Таму, на 21 ноември 1990 година, бил поставен за јеромонах.
На својата редовна седница 1999 година, Светиот архиерејски синод на Српската православна црква го избра за заменик владика за Јегар во епархијата Бачка.
Ја одбрани докторската дисертација „Можноста за познавање на Бог кај апостол Павле според толкувањето на Свети Јован Златоуст“ на Богословскиот факултет на Универзитетот во Атина (2004) година.
Светиот архиерејски синод на Српската православна црква го избра за митрополит Загреб и ЉубЉана на својата редовна седница на 24 мај 2014 година.
Ова беше крај на фазата на тајно гласање меѓу епархиските и викарни владици, кои се собраа денеска во Храмот Свети Сава за да изберат нов поглавар на српската црква.
Според информациите од српските медиуми пликови со имињата на тројцата кандидати за нов патријарх биле ставени меѓу страниците на Евангелието, од каде што монахот Матеј од манастирот Сисојевац го извлече пликот со името на новиот патријарх.