Москва благодарна на поканата за самитот во Мајами: Одлуката е на Путин

Москва благодарна на поканата за самитот во Мајами: Одлуката е на Путин

пред 35 минути

Рускиот претседател Владимир Путин лично ќе одлучи дали ќе отпатува на самитот на Г20 во Мајами, а Москва е благодарна за поканата, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„Ќе ги разгледаме сите околности поврзани со актуелната ситуација. Претседателот, секако, лично ќе ја донесе соодветната одлука“, им изјави Рјабков на новинарите, пренесува РИА Новости.

Тој рече дека е јасно оти состанокот на Г20 е еден од најважните меѓународни настани во која било година, но дека „сè уште е рано да се разговара за какви било конкретни детали во врска со оваа покана“.

Претходно, американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека Вашингтон го поканил Путин на самитот на Г20 во Соединетите Американски Држави, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е благодарна и ја цени поканата за Путин да присуствува на самитот и дека таа ќе биде разгледана.

Текстот Москва благодарна на поканата за самитот во Мајами: Одлуката е на Путин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top