Русија смета дека САД се длабоко вклучени во украинските напади врз руска територија и дека американската поддршка вклучува и разузнавачки информации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„До Стејт департментот упативме низа прашања, вклучително и за разузнавачките информации и фактот дека САД се многу вклучени во подготовката и изведувањето на напади врз цивилни цели длабоко на руската територија. Го очекуваме одговорот“, изјави Лавров за руската државна телевизија.
Лавров додаде дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да прими американски претставници доколку повторно дојдат во Русија.
„Прашањето е што ќе донесат со себе“, рече тој.
Мировните преговори меѓу Русија и Украина се во застој од февруари, кога САД се насочија кон војната во Иран.
Во меѓувреме, Лавров најави дека Москва ќе ги засили напорите за уништување на западните пратки со оружје за Украина.
„Нашите методи ќе бидат многу посилни за да спречиме сè што од Запад го зајакнува воениот механизам на Киев. И подготвени сме да го направиме тоа“, изјави Лавров.
Текстот Москва го обвинува Вашингтон за вмешаност во нападите длабоко на руска територија е превземен од МАКФАКС.





