Американската вселенска агенција НАСА објави детали за роботи-лендери, „скокачки“ дронови и возила што планира да ги испрати на Месечината во рамки на изградба на постојана месечева база.
Меѓу компаниите кои ќе учествуваат во развојот на опремата е и „Blue Origin“ на основачот на Amazon, Џеф Безос, јавува BBC News.
САД имаат цел да ги вратат астронаутите на Месечината пред крајот на мандатот на претседателот Доналд Трамп во 2028 година, но истовремено се натпреваруваат со Кина, која планира слетување на луѓе до 2030 година.
Во март, НАСА најави програма вредна 20 милијарди долари за изградба на постојана база на јужниот пол на Месечината до 2032 година, која би користела нуклеарна и сончева енергија. Базата би овозможила научни истражувања, потенцијално ископување ресурси и идни мисии кон Марс.
Програмата „Ignition Moon Base“ е поделена во три фази: прво ќе се испраќаат роботи и дронови за мапирање на теренот, потоа товарни мисии и опрема, а на крај и инфраструктура за астронаути.
До 2029 година се планирани околу 25 лансирања, а до 2032 година НАСА сака да воспостави „полутрајно“ присуство на луѓе на Месечината.
Сепак, експерти предупредуваат дека роковите може да се нереални, а клучен предизвик останува сигурното слетување на астронаути, каде што се очекуваат доцнења и технички проблеми.
Текстот НАСА објави планови за постојана база на Месечината до 2032 година е превземен од МАКФАКС.





