НАТО ќе испрати уште 3.500 војници во Ирак

пред 11 месец

Министрите за одбрана на НАТО одлучија да испратат дури 3.500 дополнителни војници во Ирак, пренесува „Анадолија“.

„Ќе ја прошириме мисијата за обука на НАТО во Ирак за да осигураме дека ИСИС нема да се врати“, објави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Бројот на персоналот на НАТО ќе се зголеми од сегашните 500 на 4.000 во земјата, рече Столтенберг по вториот ден од виртуелниот состанок.

Истакнувајќи дека терористичката група ИСИС сè уште оперира во Ирак, Столтенберг рече дека зголемувањето на нападите ја истакнува важноста од зголемување на мисијата на НАТО. Тој додаде дека со проширување на својата мисија за градење капацитети, Алијансата има за цел да избегне ситуација во иднина за која ќе бидат потребни борбени сили на НАТО.

Министрите за одбрана на НАТО допрва треба да одлучат за идното присуство на воениот сојуз во Авганистан, рече Столтенберг.

„Сакаме да се осигураме дека има траен политички договор што ни овозможува да заминеме“, рече тој.

Шефот на НАТО истакна дека Алијансата се обидува да обезбеди Авганистан никогаш повеќе да не стане безбедно засолниште за терористите.

Share

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Gintama

anime stream Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

AnimeDao TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy- Episode 5

AnimeDao Black Clover (Dub) Episode 164

Scroll to Top