Русија уби најмалку 125 украински и странски новинари за време на војната во Украина, напиша Кирил Буданов, шеф на украинската разузнавачка служба, на својот Фејсбук профил.
Тој им го честиташе професионалниот празник на медиумските работници и им се заблагодари за нивната работа за време на војната.
Според Gwara Media, Украина денес го одбележува Денот на новинарите. Оваа професија стана уште поопасна во 2022 година поради постојаната руска агресија, а денешниот датум стана и ден на сеќавање на оние кои загинаа додека ги извршуваа своите професионални должности.
Врховната рада на Украина им се заблагодари на медиумските работници за известувањето за руските воени злосторства, пренесувањето на вистината за Украина на светот и помагањето во борбата против дезинформациите и пропагандата на Кремљ.
Во соопштението се вели и дека Русија ранила 42 новинари за време на војната, а 31 новинар сè уште се во руско заробеништво.
Текстот Најмалку 125 новинари убиени од почетокот на војната во Украина, 31 се во заробеништво е превземен од МАКФАКС.