Најмалку 21 загинат во еден од најжестоките руски напади врз Киев

Најмалку 21 загинат во еден од најжестоките руски напади врз Киев

пред 2 часа

Најмалку 21 лице загина, а десетици се повредени во еден од најсилните руски напади врз Киев од почетокот на војната. Спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините, па се стравува дека бројот на жртвите ќе расте.

Според украинските власти, Русија во текот на ноќта употребила речиси 500 дронови и повеќе од 70 ракети, при што биле погодени станбени згради, хотел и друга инфраструктура во главниот град и во други делови на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека последиците би биле помали доколку сојузниците навреме ги испорачале ветените системи за противвоздушна одбрана.

Поради нападот, во Киев за утре е прогласен Ден на жалост.

Текстот Најмалку 21 загинат во еден од најжестоките руски напади врз Киев е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top