На изборите во Унгарија учествувал уште еден Петер Маѓар

На изборите во Унгарија учествувал уште еден Петер Маѓар

пред 5 часа

Полицијата во округот Ваш води истрага поради сомнение за кривично дело против изборниот процес.

Партијата Тиса освои 140 мандати на изборите во Унгарија, откако не успеа да ги искористи преостанатите три шанси за зголемување на бројот на места во парламентот, додека кандидатите на Фидес-КДНП ја задржаа предноста во клучни изборни единици.

Тиса веќе победи во Домбовар, Њирбатор и Пакш, но до пладне стана јасно дека може да победи само во две изборни единици, откако кандидат на Фидес освои повеќе гласови во округот Ваш.

Во таа област кандидатот на Фидес-КДНП, Петер Аг, ја победи Викторија Штромпова од Тиса со разлика од 258 гласови, освојувајќи 46,26 отсто од гласовите, додека Штромпова доби 45,79 отсто.

По објавата на резултатите, победникот на парламентарните избори во април 2026 година во Унгарија, Петер Маѓар, се огласи на социјалните мрежи. Тој наведе дека, како што рече, „по руска метода“ имало кандидат кој настапувал под истото име, за кој тврди дека бил „лажен кандидат“, и кој освоил 909 гласови. Кандидатката на Тиса, Викторија Штромпова, на крајот изгубила со разлика од 258 гласови.

„Ова не беше чисто политичко натпреварување, туку намерна измама на гласовите“, изјави Маѓар, додавајќи дека во тек е полициска истрага поврзана со собирањето препораки.

Полициската управа во округот Ваш отвори кривична постапка во овој случај поради сомнение за кривично дело против изборниот процес.

Текстот На изборите во Унгарија учествувал уште еден Петер Маѓар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top