Утре треба да има резултати од обдукцијата на телото, кое денеска беше пронајдено во водите на Дунав, а се претпоставува дека се работи за Хрватот Матеј Периш.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Телото кое денеска беше пронајдено во водите на Дунав ќе биде однесено на обдукција, каде согласно процедурата ќе се направи обид да се утврди причината за смртта, како и да се утврди дали Матеј исчезнал“, рече Началникот на Управата за криминалистичка полиција Антонио Геровац.
Ќе видиме со српската полиција какви дејствија треба да се преземат и дали тоа ќе биде возможно.
„ Се зависи од тоа од каков генетски материјал ќе биде направена ДНК – крв, меко ткиво, коски. Од тоа зависи и времетраењето на анализата. Допрва треба да се утврдат сите околности околу откривањето на телото. Телото најверојатно ќе остане во Белград до петок. Резултатите од обдукцијата треба да се знаат утре. Семејството прво ќе дознае дали е Матеј“, додаде Геровац.
Таткото на Матеј во изјава за ХРТ рече дека долгоочекуваната вест е многу тешка и болна.
„ Ја чекавме веста, ја чекавме вистината и таа вистина излезе таква каква што е, болна, тешка“, рече Ненад Периш откако српското МВР го известило дека е пронајдено тело на маж во Дунав, чија облека одговара на таа што ја носеше неговиот син Матеј, кој исчезна во Белград на 30 декември 2021 година.
„ Иако се случи разделбата, надежта дека повторно ќе се сретнеме никогаш нема да престане да биде таму“, рече Ненад Периш и им се заблагодари на сите што помогнаа да се открие вистината.
Тој во интервју за РТЛ додаде: „Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја“.