Нетанјаху објави фотографија „пред и потоа“: Го уништуваме иранскиот непријател

Нетанјаху објави фотографија „пред и потоа“: Го уништуваме иранскиот непријател

пред 4 часа

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави фотографија од иранското раководство „пред и потоа“ на социјалните мрежи, со порака дека Израел го уништува иранскиот непријател.

Тој објави две фотографии, едната е „пред“ и на неа се наоѓаат ирански челници, а на втората фотографија „потоа“ ги нема челниците односно се тргнати од фотографијата.

„Продолжуваме со чистката за Пасхата – го уништуваме иранскиот непријател“, напиша Нетанјаху.

Изјавата се вклопува со претходната реторика на израелскиот премиер, кој постојано тврдеше дека Израел и САД „систематски го ослабуваат“ иранскиот режим и неговите сојузници во регионот.

фото/Depositphotos

Текстот Нетанјаху објави фотографија „пред и потоа“: Го уништуваме иранскиот непријател е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top