Нетанјаху: Режимот на Иран е послаб од кога било, а Израел е посилен од кога било

Нетанјаху: Режимот на Иран е послаб од кога било, а Израел е посилен од кога било

пред 4 часа

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вети дека ќе продолжи со нападите врз Иран додека војната се приближува кон шестата недела. Зборувајќи за време на состанокот во израелскиот воен штаб во Тел Авив, Нетанјаху рече дека Израел, заедно со САД, ќе продолжи да го уништува иранскиот режим.

„Заедно со нашите американски пријатели, продолжуваме да го уништуваме терористичкиот режим во Иран. Ги елиминираме командантите и бомбардираме мостови и инфраструктура“, рече Нетанјаху.

Тој, исто така, рече дека израелските воздухопловни сили „уништиле 70 проценти од капацитетот за производство на челик во Иран“, што, според него, ја лишува иранската војска од „нејзините извори на финансирање и од можноста за производство на големи количини оружје“.

„Постои целосна координација меѓу мене и претседателот Доналд Трамп, како и меѓу израелската и американската војска. Ќе продолжиме да го уништуваме Иран. Овој режим е послаб од кога било – а Израел е посилен од кога било“, додаде тој.

Нетанјаху додаде дека израелската војска продолжува да „напаѓа силно против Хезболах“ и да „ја проширува безбедносната зона“ во јужен Либан, каде што израелските сили започнаа копнена инвазија.

 

фото/Depositphotos

Текстот Нетанјаху: Режимот на Иран е послаб од кога било, а Израел е посилен од кога било е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top