Циклонот Борис стигна до централна и источна Европа, носејќи поплави, снег и силни ветрови.
Додека Унгарија се ноѓа на силен удар на циклонот Борис, Будимпешта се подготвува за зголемување на нивото на Дунав и најголемите поплави во последната деценија.
View this post on Instagram
„ХунгароМет“ на својата страница на Инстаграм објави видео од циклонот. Како што пишуваат „тоа што недостигаше цело лето, циклонот го надополни за три дена, со претерување“.
Мапата за движење на циклонот покажува како се движи над Унгарија.
Градоначалникот на Будимпешта Гергељ Карачони најави дека поради претстојниот најголем бран поплави во деценијата, нивото на подготвеност за заштита од поплави е подигнато на три. Еве ги најважните мерки:
Долните брегови на Будим и Пешта се затворени од 20 часот.
Паркираните автомобили мора да се отстранат до пладне или ќе се влечат.
Во вторник наутро се очекува Дунав да го премине нивото на долниот брег.
Подготвени се милион вреќи со песок.
Од вторник во заштитеното подрачје ќе можат да влезат само возилата кои учествуваат во одбраната, а сообраќајот на пешаците ќе биде ограничен.
Трамвајскиот сообраќај долж крајбрежјето ќе биде ограничен.
Текстот Нивото на Дунав расте, Будимпешта се подготвува за поплави – објавена мапа од движењето на циклонот е превземен од МАКФАКС.