Нови гранатирања, погодена детска болница во Киев

пред 3 години

Украинските агенции јавуваат дека Русите ја нападнале детската онколошка болница во Киев и дека има мртви, пренесува Киев Индипендент. Информацијата ја сподели и новинар на Би-би-си на својот Твитер профил.

Поранешниот преведувач на украинскиот претседател Јушченко во интервју за Си-Ен-Ен изјавил дека ракетите паднале врз детска болница во Киев! Тој кажал дека болницата не била далеку од неговата зграда. Изјавил дека едно дете наводно го загубило животот.

Медиумите јавуваат дека во тек e и страшно гранатирање на Харков.

Жестока офанзива и во Киев пишуваат на социјалните медиуми.

Украинските железници ја исклучија струјата на главната железничка станица во Киев поради ракетирање во нејзина близина. Си-Ен-Ен јавува дека има повеќе делови од Киев во темнина од безбедносни причини.

Share
Scroll to Top