Нов црн рекорд во Турција, повеќе од 93.000 случаи на коронавирус за 24 часа

пред 3 години

Турција забележа 93.586 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, што е најголем дневен број за време на пандемијата, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.

Во истиот период имало 210 смртни случаи поврзани со Ковид-19, покажуваат податоците на турските здравствени власти, што е највисоко од почетокот на декември и повеќе од 174 регистрирани претходниот ден.

Дневните случаи во последните недели се искачија на рекордно ниво со ширењето на сојот омикрон, но министерот за здравство Фахретин Коча верува дека новата варијанта на коронавирусот ќе ја намали сериозноста на пандемијата поради пониските стапки на хоспитализација.

„Вирусот не е толку силен како порано. Нема потреба да се грижите за зголемениот број на зарази“, напиша Коча на Твитер, повикувајќи го населението уште еднаш да се вакцинира.

На крајот на декември, дневниот број на случаи во Турција беше околу 20.000 лица, пред да се зголеми бројот на инфекции поради омикронот, пишуваат агенциите.

Share
Scroll to Top