Норвешка целосно ги затвора границите поради новите мутации на коронавирусот

пред 4 години

Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката Ерна Солберг на прес-конференција, границата ќе биде затворена за сите што не живеат во Норвешка.

Сепак, ќе има исклучоци за здравствени работници кои доаѓаат од Шведска и Финска, како и за превозници на стоки. Меѓу исклучоците се вклучени и работниците за одредени бранши и странските новинари, но не и спортистите кои треба да учествуваат на скијачки натпревари во следните недели. Норвешка не е членка од ЕУ, но е дел од Шенген зоната. Мерките ќе бидат разгледани повторно по две недели.

Share
Scroll to Top