Од „историски сојуз“ до изолација: како Трамп го остави Нетанјаху по страна во преговорите со Иран

Од „историски сојуз“ до изолација: како Трамп го остави Нетанјаху по страна во преговорите со Иран

пред 3 часа

Кога израелските и американските борбени авиони на 28 февруари годинава извршија заеднички напад врз Иран, американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху славеа „историски одлуки“. Сојузот меѓу двете земји, му порача тогаш Нетанјаху на својот народ, никогаш не бил поцврст.

Три месeци подоцна, она што започна како заедничка воена кампања, се чини дека завршува како американски дипломатски процесот во кој Нетанјаху е целосно маргинализиран, пишува Си-Ен-Ен.

Трамп брза кон привремен договор, Израел во паника

Иако израелскиот премиер јавно се воздржува од директни критики кон Трамп, зад затворени врати признал дека Израел има ограничено влијание врз исходот од американско-иранските преговори. Откако во април беше прогласен првичен прекин на огнот, Нетанјаху вршеше притисок врз Трамп да ги продолжи воените операции до целосно кршење на иранскиот режим, но Белата куќа тргна во спротивна насока.

Во Тел Авив сега владее реален страв дека Трамп ќе се задоволи со „лош привремен договор“ кој ќе ги ублажи економските санкции за Техеран, а ќе ги остави нерешени клучните прашања за Израел: иранските залихи на збогатен ураниум, балистичката програма и мрежата на проирански милиции во регионот.

„Постои сериозна бојазан. Ако со договорот навистина се отстранува ураниумот, тогаш во ред. Но, ако тоа е само изјава за намери, Иранците ќе ги изиграат Американците“, изјави висок израелски функционер за Си-Ен-Ен.

„Вака изгледа кога Трамп ќе те фрли под автобус“

Израелските извори не го кријат разочарувањето од американскиот пресврт. Додека Нетанјаху се залагаше за уништување на иранските нафтени постројки за економски колапс на режимот, Вашингтон сега преговара за укинување на блокадата на иранските пристаништа, што според Израел ќе му вбризга свеж капитал на Техеран за закрепнување.

„Значи, вака изгледа чувството кога Трамп ќе те фрли под автобус“, изјави директно еден израелски извор за американскиот медиум.

Дополнителен проблем е Либан. Иран бара прекин на огнот и на оваа територија, каде САД веќе ги ограничија израелските воени акции, додека Хезболах истовремено ги засили нападите со дронови врз северен Израел. Иако Нетанјаху народи проширување на операциите во Либан, американските црвени линии вршат огромен притисок врз неговата владина коалиција, каде екстремно десничарските министри Итамар Бен Гвир и Безалел Смотрич бараат тој отворено да му се спротивстави на Трамп.

Вината се префрла врз Кушнер, Трамп порачува: „Биби ќе прави што ќе му кажам“

За разлика од 2015 година, кога Нетанјаху водеше жестока јавна кампања во Конгресот против нуклеарниот договор на Барак Обама, со Трамп таа опција не е на маса. Нетанјаху вложи премногу политички капитал во односот со Трамп за да ризикува јавен судир пред претстојните избори во Израел.

Наместо тоа, медиумите блиски до Нетанјаху ја префрлаат вината врз американските преговарачи – Џаред Кушнер и Стив Виткоф, обвинувајќи ги дека „ја избрале економијата пред опстанокот“. Сепак, извори запознаени со разговорите велат дека Израелците погрешно ја процениле ситуацијата.

„Трамп забележа дека наративот оти ‘Биби ја води главната зграда’ политички му штети во САД, па затоа мораше да покаже кој е всушност газдата“, објаснува изворот, надоврзувајќи се на минатонеделната изјава на самиот Трамп кој кратко порача: „Биби е добро момче, ќе прави што ќе му кажам“.

Ова не е првпат Трамп нагло да прекине некоја од воените операции на Израел – тоа веќе го стори во Газа, а сега го повторува со Иран и Либан. Критичарите и поранешните безбедносни функционери во Израел го обвинуваат Нетанјаху за сериозна стратешка слабост – неспособност да ги преточи тактичките воени успеси во долгорочни политички решенија.

Ваквиот развој на настаните предизвикува сериозни поделби и кај израелските граѓани. Според најновата анкета спроведена од Израелскиот институт за студии на националната безбедност (ИНСС), дури 45 отсто од испитаниците веруваат дека безбедносната ситуација со Иран во моментов е полоша во споредба со периодот пред октомври 2023 година, додека само 31 отсто гледаат некакво подобрување. Истовремено, речиси половина од израелската јавност смета дека земјата веројатно нема да победи или веќе ја загубила оваа војна со Иран, а само 41 отсто од граѓаните остануваат оптимисти.

Како форма на компензација за Нетанјаху, Трамп се обидува да изврши притисок врз Саудиска Арабија за нормализација на односите со Израел, а пред изборите најавува и можна претседателска посета во знак на поддршка. Меѓутоа, штетата врз политичкото наследство на Нетанјаху е веќе направена. Повеќе од три децении тој го градеше својот идентитет како „Господин Иран“ – лидер кој тврдеше дека само сурова сила може да го сопре Техеран.

Денес, тој е принуден да гледа како неговиот најголем сојузник потпишува договор кој го легитимизира и спасува токму режимот што тој со години се обидуваше да го уништи.

Текстот Од „историски сојуз“ до изолација: како Трамп го остави Нетанјаху по страна во преговорите со Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top