Од петок нови мерки во Њујорк: Ова е нашата последна шанса

пред 4 години

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, воведе нови ограничувачки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Тој нареди кафулињата, рестораните и спортските сали низ целата држава да бидат затворени во 22 часот, пренесе „Си-ен-би-си њуз“.

Новите мерки ќе стапат на сила во петок, а ќе бидат воведени следниот ден откако Калифорнија и некои други држави во САД ги заострија ограничувачките мерки.

„Ова е нашата последна шанса да го запреме вториот бран“, порача на „Твитер“ градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

Тој изјави дека просечната стапка на позитивни тестови за седум дена е 2,5 проценти.

Доколку стапката надмине три проценти, ќе бидат затворени и јавните училишта и ќе се премине на онлајн настава .

Во Америка вчера се регистрирани се 142.279 нови случаи на Ковид 19, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

Share
Scroll to Top