Од почетокот на војната киднапирани се повеќе од 2.000 деца од Украина

пред 3 години

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на руската војна против неговата земја се киднапирани повеќе од 2.000 деца, пренесува Анадолија.

– Не знаеме каде се нашите деца – рече Зеленски обраќајќи се на самитот на Европскиот совет преку видео врска.

Зеленски, исто така, ги обвини руските сили дека пукале врз конвои со хуманитарна помош и гаѓале жени и деца додека се движеле низ коридорите за евакуација.

Во меѓувреме, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека повеќе од 3.300 луѓе биле евакуирани од регионите Киев, Доњецк и Запорожје во четвртокот.

Сепак, таа рече дека украинската страна не била во можност да ги евакуира луѓето кои живеат во опколениот град Мариупол и дека во него не можат да влезат десетици возила натоварени со хуманитарна помош.

Share
Scroll to Top