Неидентификуван маж украл златен крст со големина од 40 сантиметри од црква во Њујорк, а според американските медиуми, станува збор за распетие кое вреди околу 10.000 долари.
Полицијата која спроведува истрага во католичката црква во Бронкс вели дека човекот заборавил на една од 10-те божји заповеди и рано наутро во петокот го зел златниот крст од црквата.
Разбојникот го украл крстот околу 8 часот наутро, велат извори упатени во истрагата.
Нема сведоци на злосторството или јасни безбедносни снимки од грешникот, соопштија од њујоршката полиција од каде го истражуваат случјот.