Кличко: Целта на Путин е да ја врати руската империја и да ја окупира Украина

пред 2 години

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за Sky news изјави дека е голема привилегија на секој човек да го даде својот живот за одбрана на земјата.

Во интервјуто тој ја искористи приликата да ги предупреди руските војници дека треба да си заминат.

Кличко рече дека сите во Украина се во опасност и дека никој не сака да умре.

– Секогаш сме биле мирољубива нација. Украина е мирна земја, никогаш не сме биле агресивни кон никого – изјави Кличко.

Потоа рече дека иднината на нивните деца е загрозена и дека мора да ја бранат.

– Никој не сака да умре, но ова е нашиот дом, нашиот роден град, тоа се нашите семејства, тоа се нашите деца, ние ги браниме нашите деца и нашата иднина – рече тој.

Тој беше особено изненаден што голем број луѓе, како музичари, актери и лекари, се вклучија во борбите и сега ја бранат својата земја во униформа.

– Никогаш не очекуваа да земат оружје, но сега сакаат да го одбранат родниот град. Украинците не сакаат да живеат во земја во која нема човекови права, слобода на печатот – изјави Кличко.

Мојата најголема желба е руските трупи да се повлечат од Киев

Кличко смета дека целта на режимот на Путин е да ја обнови Руската империја и да ја окупира Украина.

Поранешниот професионален боксер изјави дека неговата најголема желба во моментов е руските војници да се повлечат од Киев, пред нивната влада да се обиде да направи компромис.

– Русите си заминуваат, руските војници мора да ја напуштат нашата земја, после тоа сме подготвени да разговараме – вели градоначалникот.

Кличко особено и се заблагодари на Велика Британија што ѝ помага на неговата земја.

– Се уште се бориме, се уште ја браниме нашата иднина. Ако некој во Британија или Европа мисли дека војната е далеку и не ја допре, тоа е многу погрешно. Ова е најголемата војна од Втората светска војна. Може да ги допре сите во Европа и сите во светот – вели Кличко за Sky news.

Коментарите на Кличко дојдоа откако британската влада објави дека вовела уште 14 санкции против руските пропагандисти, државните медиуми и воените функционери, вклучително и човекот наречен „Мариуполскиот месар“.

Share
Scroll to Top