Од 1 април нови правила за влез во Хрватска, вакцинирани лица со две дози влегуваат без ПЦР-тест

пред 4 години

Од 1 април без негативен ПЦР-тест во Хрватска ќе можат да влезат вакцинираните со две дози вакцина, вклучително и кинеската и руската, оние кои прележале Ковид-19 во последните шест месеци , а ќе биде признаен и брз антигенски тест признаен во ЕУ, објавено е денес во Загреб.

Со одлуката за ограничување на преминот на државната граница, која ќе стапи на сила од утре, 1 април, освен со потврда за вакцинација со две дози вакцина, без негативен ПЦР-тест во земјата ќе може да влезат и оние што имаат потврди дека прележале коронавирус во последниве шест месеци.

Секој друг ќе мора да направи негативен ПЦР-тест, а ново е дека ќе биде признаен и еден од антигенските тестови признаени во ЕУ.

Поради влошување на епидемиолошката состојба, од утре повторно се  забранети тренинзи во затворени простории, освен за врвни спортисти, како и работата на детските игротеки.

Share
Scroll to Top