ОН го осуди Израел: Изгладнувањето на цивилите во Газа е воено злосторство

ОН го осуди Израел: Изгладнувањето на цивилите во Газа е воено злосторство

пред 11 часа

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, предупреди на целосен колапс на виталната помош во Појасот Газа и рече дека гладувањето на цивилите во енклавата, за која е одговорен Израел, може да се смета за воено злосторство.

„Секоја употреба на гладување на цивилното население како метод на војување претставува воено злосторство, како и сите форми на колективно казнување“, рече Турк.

Тој ја повика меѓународната заедница да преземе мерки против хуманитарната катастрофа. Само судовите можат да утврдат дали се извршени воени злосторства.

Израел ја блокира испораката на помош за Газа од почетокот на март. Пекарите остануваат без брашно и гориво за своите печки, додека болниците веќе останаа без лекови и материјали за лекување на рани.

Израел ја обвинува палестинската милитантна организација Хамас за присвојување на хуманитарната помош со сила и продажба на цивилното население по високи цени.

Израел соопшти дека нема да дозволи никаква испорака на помош сè додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници. Израелски извори наведуваат дека уште 24 заложници, како и телата на 35 киднапирани лица, се држат во крајбрежната област.

Текстот ОН го осуди Израел: Изгладнувањето на цивилите во Газа е воено злосторство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top