ОПЕК би можел да го надомести намаленото руско производство на нафта

пред 2 години

Саудиска Арабија и другите членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) би можеле да компензираат за намаленото руско производство под влијание на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, изјавија два извори.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Москва би можела да се согласи на компензација, но одлуката можеби нема да биде усвоена на состанокот во четврток и изгубеното руско производство може да не биде целосно компензирано, изјави извор во ОПЕК +, запознаен со позицијата на Русија.

„ На крајот, може да се постигне договор за компензација“, но можеби не на состанокот во четврток, рече тој. Извор од земјата во Персискиот Залив, членка на ОПЕК +, изјави дека е „многу можно“ тој да биде усвоен на состанок што ќе започне попладне.

Русија не ја исполни својата квота во април, произведувајќи околу 9,3 милиони барели дневно, околу милион барели дневно помалку од планираното. Некои проценки сугерираат дека руското производство и извоз може да се намалат за два до три милиони барели дневно поради санкциите, забележува „Ројтерс“.

„Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на извори, вчера објави дека Саудиска Арабија е подготвена да го зголеми производството на нафта доколку од Русија пристигнат значително помалку барели. За многу кратко време се разговарало за зголемување на производството во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, а одлуката би можела да биде објавена на состанокот на ОПЕК +, пишува лондонскиот весник, повикувајќи се на дипломатски извор.

Зголемувањето на производството планирано за септември ќе биде одложено за јули и август, рече изворот. Саудиска Арабија, најголемиот производител во ОПЕК, еднаш ги одби повиците од Вашингтон да произведе многу повеќе од договореното на ниво на ОПЕК +.

Share
Scroll to Top