Орбан го свика унгарскиот совет за одбрана поради ескалацијата на војната во Украина

Орбан го свика унгарскиот совет за одбрана поради ескалацијата на војната во Украина

пред 2 дена

Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на Советот за одбрана поради последните случувања во војната во Украина и зголемената закана од ескалација на конфликтот, објави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

Орбан, заедно со шефовите и државните секретари на релевантните министерства, советникот за национална безбедност на премиерот и командантот на унгарската армија, ќе ја разгледаат ситуацијата по одлуката на САД да дозволат напади на руска територија со оружје доставено во Украина, јави МТИ.

 

Ќе се разговара и за одлуката на Москва да ја прошири листата на закани на кои Русија би можела да одговори со употреба на нуклеарно оружје, рече тој.

Текстот Орбан го свика унгарскиот совет за одбрана поради ескалацијата на војната во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top