Талибанците забранија пуштање музика во автомобили

пред 2 години

Талибаните забранија пуштање музика во автомобили и возење на жени без хиџаб, пренесе РИА Новости, цитирано од Кабул њуз.

Министерството за исламска ориентација потврди дека им била дадена писмена препорака на возачите да не вклучуваат музика и да не прифаќаат жени без хиџаб во автомобилите, објави ТВ каналот.

Талибанците на 15 август влегоа во Кабул и ја презедоа власта во Авганистан, а на почетокот на септември го објавија составот на привремената влада.

Share
Scroll to Top