Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска, по повод војната во Украина изјави: „Никогаш не сме биле толку блиску до мир, а воената ситуација никогаш не била толку опасна“.
„Се наоѓаме во многу тешка и чудна ситуација“, изјави Орбан за унгарското државно радио, пренесе агенцијата МТИ.
Тој наведе дека во двата неодамнешни извештаја за настаните во војната во Украина била нагласена одговорноста на европските политичари. Еден од нив, рече тој, е дека Русија „всушност, лансира интерконтинентална балистичка ракета способна да носи нуклеарни бојни глави“ кон Украина.
„Ако ги искористат, војната ќе прерасне во глобален конфликт, а ќе има и нуклеарна димензија“, предупреди Орбан, пренесува „Танјуг“.
Тој исто така ги наведе руските извештаи во кои се истакнува дека меѓу загинатите во воздушните напади има и припадници на американската и француската војска. „Ова ја покажува опасноста од ескалација и ширење на војните“, заклучува Орбан.
Текстот Орбан: Мирот никогаш не бил поблиску, воената ситуација никогаш не била толку опасна е превземен од МАКФАКС.





