Австралиецот Глен Гери Камерон (61), познат како ноќниот предатор, призна вина за серија сексуални напади врз жени во Сиднеј на почетокот од 90-тите.
Камерон беше уапсен минатата година на аеродромот во Сиднеј кога полицијата со нови ДНК-анализи ги поврза старите случаи. Тој се изјасни виновен за 13 од вкупно 36 дела, меѓу кои – 11 обвинувања за тешки сексуални напади со закана со оружје.
Жртвите, осум жени на возраст од 17 до 45 години, најчесто биле мамени со лажни понуди за работа и нападнати во близина на железнички станици и паркови. Пресудата се очекува следниот месец.
Фото: судски цртач/суд во Сиднеј
Текстот Откриен по 30 години: ноќниот предатор призна вина за сексуалните напади во Сиднеј е превземен од МАКФАКС.