Официјалниот комуникациски канал на администрацијата на Доналд Трамп, наречен „Rapid Response 47“, јавно го навреди телевизискиот водител Џими Кимел, нарекувајќи го „обично ѓубре“.
Објавата доаѓа по ескалацијата на долгогодишните тензии меѓу Трамп и популарниот водител на доцновечерното шоу, кои дополнително се заострија по нападот на вечерата на дописниците од Белата куќа.
Jim — you are a pathetic has-been (never-was) piece of trash. We all know what you meant. https://t.co/6PfwxTVAfE
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) April 28, 2026
Од профилот @RapidResponse47, кој се претставува како „Официјален профил на Белата куќа за брз одговор“, беше објавено:
„Џими – ти си беден пропаднат (а никогаш и не бил никој и ништо) и обично ѓубре. Сите добро знаеме што сакаше да кажеш.“
Rapid Response 47 е официјален канал за брза реакција на политичкиот апарат на Доналд Трамп, а бројот „47“ се однесува на тоа што Трамп е 47. претседател на САД.
Кимел сè уште не се огласил за најновите навреди, но во својата синоќешна емисија реагираше на нападите од Меланија и Доналд Трамп, кои повторно побараа негов отказ.
Водителот изјави дека неговата шега била „многу безопасна шега на сметка на тоа што претседателот Трамп има речиси 80 години, а Меланија е помлада од мене“.
„Тоа во ниту еден момент не беше повик за атентат, и тие го знаат тоа. Со години гласно се спротивставувам на вооруженото насилство“, рече Кимел.
Претходно, Меланија Трамп напиша дека „луѓе како Кимел не треба да имаат можност секоја вечер да влегуваат во нашите домови за да шират омраза“, додека Трамп оцени дека неговите коментари биле „повик на насилство“ и побара телевизиите ABC и Disney веднаш да го отпуштат.
Контроверзијата се појави откако снимка од шегата на Кимел повторно се прошири по обидот за напад врз Трамп на гала вечера во хотелот Вашингтон Хилтон, каде напаѓач отвори оган во близина на безбедносниот пункт.
Осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален, е обвинет за обид за атентат врз претседателот и за повеќе кривични дела поврзани со оружје.
Текстот Официјален профил на Белата куќа го нападна Џими Кимел: „Ти си обично ѓубре“ е превземен од МАКФАКС.





