Пакистанскиот премиер свика состанок на телото кое го надгледува нуклеарниот арсенал

Пакистанскиот премиер свика состанок на телото кое го надгледува нуклеарниот арсенал

пред 1 година

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф свика состанок на Националната команда во саботата, соопшти војската, откако Исламабад започна воена операција против Индија, насочена кон повеќе бази.

Ова највисоко тело од цивилни и воени функционери донесува безбедносни одлуки, вклучително и оние поврзани со нуклеарниот арсенал на земјата.

Тензиите меѓу нуклеарно вооружените соседи ескалираа оваа недела, откако двете страни се обвинија меѓусебно за нарушување на воздушниот простор со испраќање дронови и друга муниција, при што загинаа најмалку 48 лица.

Текстот Пакистанскиот премиер свика состанок на телото кое го надгледува нуклеарниот арсенал е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top