Папата Франциско следната година во историскa посета на Ирак

пред 3 години

Папата Франциско ќе го посети Ирак следната година помеѓу 5 и 8 март, објави Ватикан.

Папата ќе посети пет градови, вклучувајќи ги Багдад, Ербил и Мосул. Тоа е прва посета на папа на Ирак, објави „Ројтерс“.

Програмата за патувања ќе биде објавена навремено и ќе ја земе предвид еволуцијата на здравствената состојба во светот, се вели во изјавата на портпаролот Матео Бруни.

Share
Scroll to Top