Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не планира патување во зоната на операција во Украина.
– Се уште не е планирана средба со борците во болниците – рече Песков.
На прашањето дали Русија и Украина се блиску до потпишување на договорот, Песков одговори со „не“.
– Работата продолжува, кога ќе се постигне напредок, ќе ве информираме – додаде тој.
Песков рече дека преговорите меѓу Русија и Украина треба да продолжат денеска, треба да има контакти.
– Тие треба да продолжат денеска. Не знам дали се веќе на пат или не, но денеска треба да бидат во една или друга насока – изјави Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето дали денеска продолжуваат преговорите меѓу руската и украинската страна.
Песков се осврна и на изјавата на претседателот на САД, Џо Бајден, кој рече дека Путин е „воен злосторник“.
-Изјавите на претседателот на САД Џо Бајден за шефот на Руската Федерација Владимир Путин се недозволиви, претседателот на државата која бомбардираше други земји нема право на такви зборови – рече Песков.