Песков: Русија не развива хемиско оружје

пред 2 години

Русија не работи на развој или подобрување на какво било хемиско оружје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Изјавата доаѓа во време на шпекулации дека опозицискиот лидер Алексеј Навални наводно бил отруен со усовршен хемиски агенс новичок.

„Тоа не може да се прави поради фактот што Русија е членка на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје. Русија ги почитува сите свои обврски согласно таа Конвенција, и затоа не може да се зборува за тоа“, рече Песков.

Тој го изјави тоа откако Организацијата за забрана на хемиско оружје објави дека примероците од крвта на Навални содржат нервни агенси од забранетото семејство новичок, што претходно го објави Германија.

Песков додаде дека Русија го чека одговорот на Организацијата за забрана на хемиско оружје за повикот на експерти да дојдат во Русија и да соработуваат во случајот Навални, пренесува ТАСС.

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top