Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје

Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје

пред 12 часа

Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за „енергетско примирје“.

„Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува Спутник.

Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по објавата на Зеленски за неговата подготвеност да одржи претседателски избори, рече Песков и нагласи дека неговата изјава за неговата подготвеност да одржи претседателски избори е „сосема нова“, додека рускиот претседател Владимир Путин долго време зборуваше за потребата од тоа.

Фото: депозитфотос

Текстот Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top