Песков: Русија размислува за увоз на гориво со цел да го стабилизира домашното снабдување

Песков: Русија размислува за увоз на гориво со цел да го стабилизира домашното снабдување

пред 8 часа

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека какви било договори за увоз на гориво по прифатливи цени би претставувале дополнителен чекор кон стабилизирање на рускиот пазар.

„Доколку се постигнат договори за снабдување со гориво по прифатливи цени, тогаш тоа ќе се случи. Тоа ќе биде уште еден чекор кон стабилизирање на пазарот“, рече портпаролот на Кремљ, објави ТАСС.

Според него, целта на таквата мерка би била да се ублажи ненадејниот раст на побарувачката и да се придонесе за постабилно снабдување со гориво на пазарот, пренесува Танјуг.

Текстот Песков: Русија размислува за увоз на гориво со цел да го стабилизира домашното снабдување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top