Руските сили денеска го погодија радио-телевизискиот центар во Киев, јавува агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Руските сили, наводно, го зазеле и градот Балаклија во близина на Харков во источна Украина.
Ројтерс потсетува дека руските сили ја погодиле телевизиската кула во вторникот.
Денеска е осми ден од руската инвазија на Украина. Денеска се очекува да се одржи нова рунда преговори меѓу Русија и Украина.
Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се осудува руската агресија врз Украина.
Керсон падна во рацете на руската армија, со што стана првиот голем украински град кој се најде под руска контрола по минатонеделната инвазија.