Во меѓувреме, ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден огнен фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат. Шпанската влада прогласи вонредна состојба на национално ниво, а со евакуацијата на 25.000 луѓе, на речиси 40.000 жители им беше наложено да не ги напуштаат своите домови.
Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано утрово, четири градови во близина на Бордо со вкупно население од 58.400 жители – беа евакуирани како мерка на претпазливост.
Пожарот во Жиронда проголта повеќе од 19.000 хектари шума и уништи околу осумдесет куќи. Властите, исто така, го евакуираа целиот полуостров Кап Ферет, популарна туристичка дестинација, од која стотици луѓе избегаа со бродови.
Шефот на противпожарната служба Марк Вермелен соопшти дека условите се потешки отколку за време на катастрофалните пожари во 2022 година, бидејќи сушата дозволува пожарите да се шират преку ноќ.
Појужно, друг голем пожар во близина на Бискарос во регионот Ланд принуди повеќе од 23.000 луѓе да ги напуштат своите домови, кампови, дом за стари лица и летен камп. Градоначалникот на една од најтешко погодените области, Леж-Кап Ферет, Филип де Гоневил, рече дека регионот е и половина ден се соочува со екстремно време, без дожд и со надпросечни температури. температури.
Текстот Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе е превземен од МАКФАКС.




