Пожар во дом за стари лица во Шпанија – загинаа пет лица

пред 4 години

Пет лица загинаа, а најмалку 11 се хоспитализирани поради вдишување чад откако рано утринава избувна пожар во дом за стари лица во Валенсија, југоисточна Шпанија, соопшти итната помош.

Пожарот избувнал во Монкада. Пожарникарите од пожарот извлекле 25 лица, а 70 преостанати корисници на старечкиот дом се евакуирани.

Пожарот е локализиран. Локалните медиуми јавуваат за изјави на сведоци дека вработени во домот заедно со пожарникари и полицајци ги спасиле старите лица.

Share
Scroll to Top