Покрената истрага за смртта на Ратко Младиќ

Покрената истрага за смртта на Ратко Младиќ

пред 4 часа

Ратко Младиќ, поранешниот командант на војската на босанските Срби, кој беше осуден на доживотен затвор за геноцид и воени злосторства, почина денес во Хаг.

Тој почина додека беше хоспитализиран, а лекарот во Одделот за притвор на Обединетите нации веднаш беше информиран за настанот. Холандските власти покренаа стандардни процедури и истрага во согласност со националното законодавство, објави Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали.

Претседателката на Механизмот, судијката Грасиела Гати Сантана, исто така нареди целосна истрага за околностите на смртта на Младиќ. Таа се повика на своите овластувања според Статутот на Механизмот и Правилата за притвор и го назначи судијата Иан Бономи да ја спроведе истрагата.

Ратко Младиќ беше уапсен на 26 мај 2011 година и набргу потоа беше префрлен во Хаг. На 22 ноември 2017 година, Судскиот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) го прогласи за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и го осуди на доживотен затвор. Апелациониот совет на Механизмот ја потврди таа пресуда и казна на 8 јуни 2021 година.

 

фото/ЕПА

 

Текстот Покрената истрага за смртта на Ратко Младиќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top