Полициски час во Париз и други француски градови, министерот призна: Изгубивме контрола

Полициски час во Париз и други француски градови, министерот призна: Изгубивме контрола

пред 4 часа

Француските власти вечерва делумно ги забранија протестите во Париз и воведоа полициски час во повеќе градови по неколкудневните насилни немири, грабежи и судири со полицијата низ земјата. Во одредени делови на француската престолнина јавните собири се забранети од 20 часот, додека ноќниот полициски час започнува во 23 часот.

Премиерот Себастијан Лекорни побара од локалните власти да воведат полициски час во најпогодените градови, не исклучувајќи можност за прогласување вонредна состојба доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Истовремено, се продлабочува политичката криза поради безбедносните пропусти за време на немирите. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез понудил оставка, откако признал дека полицијата во одредени градови ја изгубила контролата врз ситуацијата. Претседателот Емануел Макрон одбил да ја прифати оставката и побарал итна промена на полициската тактика.

Според АФП, париската полиција ги забранила протестите и јавните собири од 20 часот во одредени делови од градот, додека полицискиот час ќе трае од 23 часот во понеделник до 6 часот во вторник, на Плоштадот на Републиката и во трговскиот кварт Лез Ал.

Слични мерки се воведени и во други градови. Во Лил и уште неколку градови на северот на Франција е воведен полициски час за малолетници под 18 години, од 20 до 6 часот, во следните две ноќи. Во Ница полицискиот час за малолетници започнува во 21 часот.

Во Марсеј, пак, властите во понеделникот ги забранија јавните собири и демонстрациите на територијата на целиот град, од пладне до 20 часот.

Премиерот Лекорни нагласи дека мерките мора да бидат ограничени на конкретни подрачја и приспособени на безбедносната состојба.

„Не доаѓа предвид целиот Париз да биде ставен под полициски час. Тоа нема смисла“, изјави Лекорни по состанокот на меѓуресорскиот кризен штаб.

Тој објасни дека насилството било концентрирано во одредени градски центри и дека ограничувањата мора да бидат насочени кон подрачјата со најголем ризик од нови немири.

Текстот Полициски час во Париз и други француски градови, министерот призна: Изгубивме контрола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top