Полицијата уби 16-годишна Афроамериканка во Охајо

пред 4 години

Полицијата во Колумбос, главниот град на американската држава Охајо, уби 16-годишна Афроамериканка по интервенција по пријава дека нападнала две девојчиња со нож, пренесува „Ројтерс“.

Членовите на семејството ја идентификуваа убиената девојка како Макија Брајант, на возраст од 16 години.

Тетката на убиената девојка, Хазел Брајант изјавила дека тинејџерката живеела во згрижувачки дом и на трагичниот настан му претходела кавга со некој во истата институција.

Полициските снимки покажуваат хаотична сцена на тревникот пред куќата, а една девојка мавтала со нож кон друга, која паднала на грб, а потоа се упатила кон друга девојка, која удрила во паркиран автомобил. Потоа полицаецот отворил оган.

Брајант тврди дека нејзината внука го фрлила ножот што го имала во нејзината рака пред полицаецот неколку пати да пука во неа.

Локалните медиуми објавија дека група демонстранти се собрале во близина на куќа во југоисточното предградие на Колумбос каде се случило пукањето.

Share
Scroll to Top