Поради војната речиси милион Украинци останаа без струја

пред 3 години

Повеќе од 954.000 Украинци во моментов немаат струја поради руската инвазија на Украина, соопшти денеска украинската компанија Енергоатом.

„Речиси 228.000 потрошувачи останаа без гас“, соопшти Енергоатом, која управува со нуклеарни реактори лоцирани во четири нуклеарни централи.

Енергоатом претходно објави дека повеќе нема да купува руско нуклеарно гориво. Тој изјави и дека сите нуклеарни централи во Украина работат стабилно, но дека се вработени во нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од руската армија и се под психолошки притисок.

Share
Scroll to Top