Скорпии убиле три лица во градот Асуан на југот на Египет, а стотици имаат здравствени проблеми од убоди, откако по силно невреме скорпиите биле расфрлани по градските улици, пишува Би-би-си.
Скорпиите повредиле околу 450 луѓе, изјави претставник на египетското Министерство за здравство.
Невремето проследено со град и грмежи во област во близина на реката Нил било особено силно во петокот.
Скорпиите кој живеат покрај Нил, обилните дождови редовно ги носат на градските улици, а понекогаш покрај нив се наоѓаат и змии.
Дополнителни дози противотров биле испратени во клиниките во селата во близина на планините и пустинината, а биле распоредени и дополнителни лекари.
Властите ги повикаа жителите да останат дома и да избегнуваат области со многу дрвја.
Каснувањата од скорпија ретко се опасни по живот, но малите деца и постарите лица имаат најголем ризик од развој на сериозни компликации, според американската здравствена институција Mayo Clinic.
Само околу 30 од 1.500 видови скорпии можат да убијат човек.