Американската компанија „Боинг“ објави дека за првпат по 15 месеци, во февруари добила повеќе нови нла отколку пораки за откажување на налозите за изградба на комерцијални авиони.
Компанијата доби 82 порачки и 51 порака за откажување. Покрај тоа, „Боинг“ врати во активност 16 авиони, чија нарачка претходно беше откажана, но купувачот се предомисли.
Нарачките може да покажат дека авиокомпаниите стануваат се пооптимистични дека повторно ќе има масовно патување, кое целосно се повлече поради пандемијата на коронавирусот.
Во САД бројот на патници во авионите полека расте како што напредува вакцинацијата против Ковид-19, иако патувањето со авион е сè уште далеку под нивото на пред-пандемијата.
„Боинг“ страдаше со месеци, кога немаше ниту една нарачка, бидејќи авиокомпаниите паркираа непотребни авиони и ги намалија трошоците за да заштедат пари. Авиокомпанијата со седиште во Чикаго соопшти дека минатиот месец доставила 22 комерцијални авиони, претежно на домашни клиенти.
Меѓу клиентите има интерес и за „737 Макс“ – авионите кои беа приземјени во март 2019 година, по две несреќи во кои загинаа 346 лица.
Регулаторите во САД, Европа, Канада, Бразил и на други места одобрија повторна употреба на овој модел на авион, откако „Боинг“ го смени системот за автоматизирана контрола на тие авиони, кои имаа удел во несреќите.