Прва жетва на легален канабис во Германија, првите 50 килограми за аптеките

пред 3 години

За прв пат во Германија се жнееше канабис, а во наредните години во оваа земја се планира да се призведува поголемо количество индиски коноп за медицински цели, објави Дојче веле.

Вработените на плантажа со канабис во Нојминстер, Германија, се сметаат за пионери затоа што ја собрале првата легална берба на канабис во историјата на Сојузна Република Германија.

Канадска компанија одгледуваше и собра околу 50 килограми канабис на својата добро чувана плантажа зад армирани бетонски sидови.

Безбедносните мерки се многу ригорозни, бидејќи канабисот во Германија е опфатен во Законот за наркотични дроги.

Од Нојминстер во сојузната држава Шлезвиг-Холштајн на крајниот север на Германија, стоката ќе патува во аптеките низ целата земја, а потоа и до оние кои користат канабис од медицински причини – поради силна болка, грчеви или недостаток на апетит.

Од 2017 година, на лекарите во Германија им е дозволено да им препишуваат канабис на своите пациенти како терапија. За да ги задоволи потребите на пазарот, Федералниот германски институт за лекови и медицински помагала овласти три компании за производство на канабис.

Share
Scroll to Top