Премиерите на Велика Британија и Словенија ќе се вакцинираат со „Астразенека“

пред 4 години

Со цел да се врати довербата на јавноста во вакцината на „Астразенека“, денеска британскиот премиер Борис Џонсон ќе биде вакциниран со оваа вакцина, како и целиот словенечки државен врв предводен од премиерот Јанез Јанша и претседателот Борут Пахор.

Вчера Европската агенција за лекови (ЕМА) донесе важна одлука за вакцината на „Астразенека“, но довербата на јавноста во вакцината е поткопана и сега мора да се врати.

Откако голем број европски земји привремено ја прекинаа вакцинацијата со „Астразенека“ поради сомневања за сериозни несакани ефекти поврзани со згрутчување на крвта, ЕМА спроведе истрага и утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Сепак, довербата на јавноста во вакцината е несомнено нарушена, а доказ за тоа се и извештаите на лекарите низ Европа дека значителен број луѓе, особено постарите лица, одбиваат да се вакцинираат со оваа вацина.

Share
Scroll to Top