Претседателот на Алжир побара од Франција да ја врати Отоманската архива

пред 4 години

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун ја повика Франција да ги врати архивите кои датираат од Отоманската ера, а кои биле прошверцувани надвор од земјата за време на француската колонијална ера од 1830 до 1962 година, пренесува „Анадолија“.

„Архивата е составен дел од нашата историја и треба да ни се врати она што Франција го зеде од Отоманските архиви што ги најде во Алжир. Ние сме цврсто решени да ги вратиме нашите архиви“, рече Тебун.

Алжирските власти и историчари велат дека Франција прошверцувала стотици илјади мапи и историски документи, вклучително и материјали што датираат од Отоманската ера (1518-1830) од Алжир.

Во 2017 година, алжирската влада соопшти дека Франција држи 98 отсто од шверцуваните архиви на земјата.

 

Share
Scroll to Top