Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета

Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета

пред 8 часа

Претставникот на Иран во Обединетите нации (ОН) побара обештетување од земјите за кои тврди дека учествувале во нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз таа земја.

Претставникот Амир-Саид Иравани тврди дека Бахреин, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Јордан го прекршиле меѓународното право, објавува Гардијан.

Тој рече дека земјите мора „да ја компензираат целосната штета предизвикана на Исламската Република Иран, вклучително и исплатата на обештетување за целата материјална и морална штета предизвикана од нивните меѓународни прекршувања“.

Иравани вчера ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД како „тешко кршење“ на неговиот суверенитет.

Текстот Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top