Претставник на руската војска тврди: Британските специјални сили слетаа над регионот Лавов во Украина

пред 3 години

Најмалку две групи од околу 20 експерти за диверзантска и партизанска борба од Специјалната воздушна служба на британските воздухопловни сили слетаа над регионот Лавов во Украина, изјави неименуван претставник на руската армија.

Како што рече, припадниците на таа служба важат за едни од најквалификуваните експерти во светот во областа на организирање пуч, масовни протести и собири, организирање убиства на политички функционери, регрутирање, но и подготовка на терористички акти.

– Тоа не се обични специјалисти, тоа се интелектуалци кои во својот состав имаат идеолози, така да се каже професори, а останатите се експерти од различни области – рече тој, пренесува Спутник.

За ваквите тврдења засега не се објавени никакви материјални докази.

Share
Scroll to Top